Казна затвор од 13 години за обвинетиот за убиството на Ангел Петковски

ubiec na maturantot Angel Petrovski
rekonstrukcija na ubistvo vo gjorce-petrov

13 години затвор доби убиецот Насер Ештрефи за убиството на матурантот Ангел Петковски што се случи во 2014 година, а во казната е пресметано и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор, речиси седум години.

Zito akcija 640x289px
ubiec na maturantot Angel Petrovski

Убиството се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот почна со кражба на велосипед од страна на Насер Ештрефи од скопското село Грчец.

Agria

Претходно Ештрефи беше осуден на 14-годишна затворска казна, па Врховниот суд ја укина пресудата и судењето го врати на повторно одлучување.

Родителите на убиеното момче изјавија дека за нив како родители казната е многу мала и дека ништо не може да го надомести нивниот син. Најавија дека ќе продолжат да ја бараат правдата.

„Нашата штета не може никој да ни ја надополни бидејќи Ангел беше првото внуче на мојот татко во куќата, и тој го носеше името на својот дедо. Во нашата православна вера Ангел значи многу нешта, тоа е свето име“, изјави таткото на Ангел, Сашо Петковски, кој воедно беше и сведок во случајот со убиството на неговиот син.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: