Фудбалската федерација на Македонија синоќа после поразот од Романија реши да ги награди фудбалерите, но капитенот Горан ја одбил премијата и им порача на челниците на ФФМ, сами да си ја поделат, јави босанското онлајн издание на веаникот Ослобоџење, повикувајќи се на извори од македонски медиуми.
„Ние пари за пораз не сакаме, меѓусебе разговаравме и ниту еден играч не прифаќа ваква премија. Нека си ја подели УО таа премија меѓу себе“, рече Пандев.
Пред изборното собрание за избор на претседател на ФФМ, нашиот најпознат фудбалер и член на италијанскиот тим Џенова јавно ги критикуваше челните луге на федерацијата, а потоа повторно за старо-нов претседател беше изгласан актуелниот претседател Муамед Сејдини.
Можеби ќе ве интересира: