Црногорската влада соопшти дека е можно оние лица кои целосно примиле вакцина против Ковид-19 би можело во следните месеци да им се дозболи да се собираат во затворени простории, без маски и физичка дистанца.
На владиниот налог на Твитер пишува дека едно од најчесто поставуваните прашања е дали лицата треба да носат маски и да избегнуваат контакти со други доколку примиле две дози на вакцината.
Од црногорската Влада велат дека засега сите јавни здравствени агенции препорачуваат носење на маска неколку недели и покрај тоа што одредено лица е вакцинирано.
„Во месеците кои следуваат очекувано е дека на целосно вакцинираните лица ќе им се овозможи собирање во затворен простор и без физичка дистанца или носење маски под одредени услови“, наведува црногорската Влада.
Можеби ќе ве интересира: