Караџовски: Младите од 30 до 39 години се доминантна група каде се шири британскиот вирус

karadzovski_filipche_komisija
Караџовски

Младите од 30 до 39 години се доминантна група каде се шири британскиот вирус бидејќи тие излегуваат од дома, се дружат, и не ги почитуваат некаде мерките, рече претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски.

Zito akcija 640x289px

Караџовски рече дека кај оние што се заразени во рок од најмногу три дена прави тешки компликации. Дури и периодот на инкубација е многу пократок. Рече дека ако кај првичната вухан варијанта, инкубацијата траеше до 14 дена, сега е само три до пет дена.

Agria

„Британскиот сој во првите 24 до 48 часа развива клиничка слика која е навидум лесна, меѓутоа воспаление на бели дробови и тешка компликација се прави за нецели три дена. Клиничката слика може да се појави нагло, во мал временски период со навидум лесни симптоми и со многу потешка компликација прво на белите дробови, но имаме и мултисистемско зафаќање од глава, срце, црн дроб, бубрези до оштетување на крвните садови. Значи мултисистемско зафаќање од „чудовиште”, рече д-р Караџовски во „Само вистина“.

Во однос на ова прашање, тој нагласи дека од британскиот сој најнападната е помладата популација на возраст од 30 до 39 години, пред се поради нивниот поактивен социјален живот.

„Младите од 30 до 39 години се доминантна група каде се шири вирусот бидејќи тие излегуваат од дома, се дружат, не ги почитуваат некаде мерките, и проблемот е во тоа што повеќето стануваат позитивни и вирусот го носат дома“, истакна д-р Караџовски.

Што се однесува пак до хоспитализациите, повторно возрасната категорија од 30 до 39 години, како и над 60 во овој период е најбројна во ковид-центрите, додека пак се намалува бројот на хоспитализации на лицата од 40 до 50 години.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: