Од почетокот на пандемијата, во светот се регистрирани повеќе од 127 милиони случаи на коронавирус, од кои скоро 22 милиони се моментално активни.
Според веб-страницата „Worldometers“, досега во светот биле заразени 127.008.650 луѓе со вирусот корона, починале 2.783.462 лица, а од оваа инфекција се опоравиле 102.364.631.
Во моментов има 21,860,557 активни случаи во светот, а 0,4 проценти од пациентите, поточно 92,921 од нив, се во сериозна или критична состојба.
Соединетите држави сè уште водат по бројот на болни и мртви со 30 860 476 заразени и 561 221 смртни случаи. На второ место според бројот на пациенти е Бразил со над 12 милиони заразени и 307.326 мртви. Индија е на трето место по бројот на случаи, со повеќе од 11 милиони случаи.
Moжеби ќе ве интересира: