понеделник, 19 август, 2024
Реклама

Од среда во земјава почнува вакцинацијата со „Астра зенека“

lugje so maski

Над 20илјади граѓани од оваа среда ќе започнат со вакцинацијата на со АстраЗенека. Масовната вакцинација ќе започне со лица над 75 години, а имунизацијата ќе се одвива на 30 пункта во различни градови во земјава, додека преку матичните лекари на граѓаните ќе им биде доделен распоредот за вакцинација.

Zito akcija 640x289px

Министерот за здравство рече дека и тој ќе биде вакциниран со АстраЗенека, но не во оваа фаза, уверувајќи ги граѓаните дека вакцината е безбедна.

Agria

Тој кажа дека сега ќе се искористат сите дози од „Астрас Зенека“, а ревакцинација ќе има за три месеци. Рече дека крајот на април се очекува вакцини да стигнат од повеќе места, а ќе има дози за ревакцинација и на македонските граѓани што се вакцинираа во Србија.

Филипче кажа дека тие денес и утре треба да бидат повикани од матичните лекари. Возрасните лица ќе добијат термини каде и во кој пункт од среда натаму да се јават.

Од утре ќе почне да се подготвува Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде ќе има 30 позиции за вакцинирање против ковид-19 и со тоа ќе бидеме подготвени за масовната имунизација, најави Филипче. Таму ќе бидат поставени лекари и медицински сестри од Здравствен дом Скопје.

Директорот на Клиниката за пулмологија Дејан Докиќ исто така ги повика граѓаните кои ќе бидат вакцинирани да не се грижат доколку вакцината дава реакции бидејќи тие се нормални.

За 2 недели, во земјава има 10.300 повеќе активни болни, на 5 март беа 8.569, а вчера 18.907 активни случаи, како и 499 починати повеќе од 5 март досега.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19613/gorivata-so-novi-poniski-czeni-od-polnok/