Министерство за здравство: Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, болничките капацитети зголемени за 50 отсто

filipce na sostanok so direktorite
filipce na sostanok so direktorite

Нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на 6 до 8 недела од третиот бран. Болничките капацитети за прием на КОВИД пацинети се зголемени за 50 отсто во однос на ноември, а зголемена е и потребата од хоспитализација. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на КОВИД болни, пренесува либертас.

Zito akcija 640x289px

Ова е заклучокот од денешната координација на министерот за здравство, Венко Филипче со директорите на КОВИД центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести околу епидемиолошката состојба во земјава.

Agria

Според епидемилозите, вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, а во сите болници низ земјата има слободни кревети.

„Доставата на терапијата оди тековно и нема застој. Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран. Тоа според епидемиолозите значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети“, велат од Министрството за здравство.

Ситуацијата и натаму ќе се следи и според тоа, ако е потребно, соодветно ќе се дејствува, а членовите на Комисијата за заразни болести кои се во секојдневна координација и комуникација, во текот на неделата ќе одржат состанок.

Веста е преземена од: libertas

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: