Добра вест: Граничните премини Евзони и Дојран од 14 мај ќе бидат отворени за македонските граѓани

grcija plaza
grcija plaza

Соседна Грција на 14 мај, со задолжителна потврда за вакцинација или негативен тест ќе отвори две граници за влез на македонските државјани, извести денес министерот за здравство, Венко Филипче.

Zito akcija 640x289px

Тој денеска имал разговор со грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, со кој ги договарале деталите за отворање на границата.

Agria

„Ме извести дека двата гранични премини, Евзони и Дојран, ќе бидат отворени на 14 мај за македонските граѓани, но ќе биде задолжителна потврда за вакцинација или негативен тест“, рече министерот Филипче.

Филипче утрово зел обврска дополнително да ја извести грчката страна како ќе изгледаат нашите сертификати за примена вакцина и да достави листа на лаборатории што издаваат тестови. Министерот Филипче нагласи дека очекувањата се да се отвори границата доколку не се случи нешто што би ја влошило сегашната состојба.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: