Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро за време полициски час

Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро рано утрово за време на полициски час.

Zito akcija 640x289px

Утрово во 2:20 часот со претходно обезбедена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници влегле во викендица лоцирана на место викано Брушанска населба на Тиквешко езеро, појаснуваат од МВР.

Agria

Викендицата била во сопственост на 23 – годишно лице од Кавадарци. Таму биле затекнати четири лица, а по извршена проверка во близина на викендицата, пронајдени биле и легитимирани уште 14 лица меѓу кои и сопственикот на објектот.

Од МВР рекоа дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следи соодветнаа пријава по чл.206 од КЗ на РСМ.

Изминатиов период, со оглед на тоа што Тиквешијата е жариште на Ковид-19, постојано се апелира да се почитуваат превентивните мерки против коронавирус. Меѓу другото, се апелира и да нема масовни собирања.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19749/foto-vest-gori-kola-vo-czentarot-na-gradot-prichinite-se-nepoznati/