Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 99. Од нив, 91 имаат потврдени позитивни тестови, шест пациенти се сомнителни на вирусот, и двајца имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 49 пациент. На инфективното оддееление има 54 пациенти, на интерното пет и во Модуларната болница се лекуваат 40 пациенти.
Испишани се четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Од болницата известуваат дека е почината 69 годишна пациентка откако бил лекувана на Инфективното одделение осум дена.
Можеби ќе ве интересира: