Од денеска во земјава се затворени сите угостителси објекти

kafici
kafici

Со мерките кои ги донесе Владата на вчерашната седница, од денеска угостителските објекти се затворени за гости и можат еднинствено да вршат само достава на храна или продавање преку шалтер. Ова не ги опфаќа и кафетериите па тие не смеат ниту да даваат и кафе или пијалоци за носење.

Zito akcija 640x289px

Исклучок од оваа мерка која ја донесе вчера Владата се угостителските објекти на аеродромот во Скопје, како и угостителските објекти во сместувачките капацитети, а се затвораат и обложувалниците, кои ќе смеат да работат само преку пулт.

Agria

Полицискиот час од вчера почнува во 20 часот, наместо во 22, и трае до 5 часот наутро.

Од вчера, затворени се фитнес-салите, спортските и салите за вежбање, а забрането е и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.

Овие мерки кои вчера ги донесе владата ќе бидат на сила до 20 април.

Можеби ќе ве интересира:

Мерките се донесени од Владата, со цел да се намали ширењето на на коронавирусот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: