Актуелниот премиер и лидер на партијата ГЕРБ, која освои најмногу гласови на неделните парламентарни избори во Бугарија, Бојко Борисов, денеска го повика Слави Трифонов од партијата „Има таков народ“ да ја преземе политичката одговорност во земјата, јавува дописникот на МИА од Софија.
„Колегата политичар Слави Трифонов нека превземе одговорност. Најколегијално го замолувам да започне да го прави својот состав на Владата. За да имаме стабилност, подготвени сме да дадеме 10 пратеници кои ќе ја поддржуваат владата на Слави Трифонов, рече Борисов пред состанокот на владата и додаде дека за него е важно Бугарија да има стабилна влада, без разлика кој ќе ја раководи.
Борисов прокоментира дека нови избори не се решение за земјата и додаде дека парламентот може да одржи седница на која треба да се донесе одлука за свикување на Големото национално собрание, на која претседателот Румен Радев ќе го достави својот предлог за нов Устав на Бугарија.
На парламентарните избори во Бугарија најмногу гласови доби коалицијата на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Сојузот на демократските сили (СДС), предводена од премиерот Бојко Борисов со освоени 25,8 отсто од гласовите, пред партијата Има таков народ на Слави Трифунов со 17,5 проценти и блокот на Бугарската социјалистичка партија (БСП) до 14,8 отсто.
Можеби ќе ве интересира: