Пет затвореници меѓу кои и поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, кои се на издржување затворска казна во затворот во Штип, се позитивни на коронавирусот, а покрај овие затвореници позитивни на вирусот се и тројца вработени во штипскиот затвиор.
Митко Чавков, како поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, во затворот во Штип издржува казна затвор од 16 години која ја доби во судскиот предмет за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.
Тој најпрво доби 18 години, но Апелација му ја намали казната за две години.
Можеби ќе ве интересира: