Бројот на активни случаи во Велес во опаѓање

veles nova 997x485
veles nova 997x485

Во ковид статистиката на Министерството за здравство, во Велес се регистрирани нови 47 позитивни случаи на коронавирус. Оздравени се 67,почината е една пациентка на 56 годишна возраст. Бројот на активни случаи во Велес е 775.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на КОВИД-19 во:

Agria

Скопје – 458, Битола – 96, Куманово – 82, Прилеп – 54, Велес – 47, Тетово – 44, Кавадарци – 36, Гостивар – 33, Штип – 32, Кочани – 28, Кичево – 27, Охрид – 25, Струмица – 22, Валандово – 18, Неготино и Гевгелија – по 17, Струга – 15, Радовиш – 13, Ресен – 10, Берово и Пробиштип – по 7, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Виница– по 6, Демир Капија, Демир Хисар и Кратово – по 3, Крушево, Богданци и Пехчево – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1. 

Регистрирани се 1.152 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 27 починати лица: 12 од Скопје (60г, 65г , 66г, 66г, 69г, 73г ,74г, 77г 78г, 78г, 79г и 82г), по 3 лица од Битола (60г, 66г и 79г) и Охрид (58г, 66г и 77г), по 2 починати лица од Куманово ( 59г и 75г) и Тетово (54г и 68г) и по едно лице од Прилеп (86г), Велес (56г), Гостивар (76г), Струмица (73г) и Кичево (63г). Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови. 

Досега во земјата се направени вкупно 674.378 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927. 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: