Драги Рашковски утрово на својот фејсбук профил ја објави оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти. Датумот на писмото до премиерот Зоран Заев е 12 април.
Повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот, напиша Рашковски во оставката. Неговото име во последниот период е поврзано со бројни скандали, тендери, непријавен имот, злоупотреби на службена должност.
„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест“, напиша Рашковски на својот фејсбук профил.
Можеби ќе ве интересира: