Крводарителите од Градско и околните населени места продолжија да бидат едни од најахуманите во државата. Во општината која брои само околу 3.500 жители на денешната крводарителска акција се донираа 69 крвни единици, што е одлична бројка и висок процент на дарувања во однос на бројот на жители.
Од дарителите четворица даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во земјата.
Крводарителската акција заеднички ја организираа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско.
Можеби ќе ве интересира: