Свет каде ќе можам да го видам целото лице на луѓето, а не само половина со маска.
Свет каде што ќе можам кога ќе посакам да одам кај баба и дедо, да јадам пита со јаболка и да ме прегрнат кога ме боли стомачето.
Свет каде што ќе можам безгрижно да си играм на игралиште.
Свет каде што ќе можам да го прославам роденденот со другарчињата, да одам на танц и клавир.
Свет каде што луѓето ќе сакаат да се дружат, сретнат и нема да се плашат едни од други.
Свет во кој ќе може да си играм на улица со другарчињата до доцна, а ти да ни носиш сендвичи на сите.
Свет во кој ќе можам повторно да бидам нормално дете…
Извор: crnobelo.com
Можеби ќе ве интересира: