Во текот на утрешниот ден во земјава се очекува од компанијата Фајзер да пристигнат 10 илјади вакцини, а исто толку се очекува да стигнат кон крајот на овој месец односно на 26 април.
Според агендата што ја објави Министерството за здравство, тие ќе бидат доставени со авион што ќе слета во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе бидат донесени во Скопје.
До сега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на Астразенека, нешто помалку од три илјади има од руската Спутник V и околу илјада од кинеските вакцини.
Во меѓувреме министерот за здравство Венко Филипче рече дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.
Можеби ќе ве интересира: