Фудбалерките на Борец непоразени се вратија од тешкото гостување во Тетово. Во рамките на 22 коло до Првата женска фудбласка лига Шкендија и и Борец ги поделија бодовите, одигрувајќи 2:2.
Со преголем респект кон домаќините влегоа во натпреварот изабраничките на Тоше Нацев. Тоа го искористија фудбалерките на Шкендија и со двата гола на Лимани и Османи поведоа со 2:0.
Во второто полувреме друга слика на теренот, со похрабра игра фудбалерките на Борец преку Босилкова и Ѓоргиевска го вратија резултатот во егал, но за повеќе немаа сили.
„Игравме против екипа која високо котира на табелата, а и доста е тешко да се освојат бодови на нивниот жежок терен. Во првото полувреме фудбалерките беа малку исплашени поради фактот што во редовите на Шкендија играат неколку репрезентативки. Во второто полувреме со повеќе тимска игра се вративме во игра и израмнивме. Дури имавме шанси и за победа но не реализиравме неколку шанси за гол“, изјави Рикардо Илиев , Претседател на ЖФК Борец.
Во следното коло кое се игра веќе во среда во Велес гостува Љуботен од Тетово, екипа која во своите редови интернационалки од Србија, Босна и Херцеговина и Бразил.
Можеби ќе ве интересира: