Младите ракометари на Борец продолжуваат со добрите игри во Плеј аутот на Првата ракометна лига. Важна победа извојуваа изабраниците на Васко Василев во Гевгелија, совладувајќи ја екипата на Партизан со резултат 32:28.
Победата на Борец во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Уште на самиот почеток го превзедоа водството и не го испуштија до крај.
Свое шоу имаше Кирил Миленков кој со 14 погодоци го торпедираше голот на домаќините. Пет погодоци постигна Мачавелов, кај домаќините најефикасен беше Тодор Узунчев со постигнати 11 погодоци.
Можеби ќе ве интересира: