Бројот на хоспитализирани се намалува, испишани 12 пациенти од ковид центарот на велешката болница

kovid bolnica
kovid bolnica

Се намалува притисокот врз ковид центарот во велешката болница. Ако до пред неколку денови бројката на хоспитализирани надминуваше 100 пациенти, веќе денес таа бројка е 85, испишани се дури 12 пациенти кои го прележале вирусот.

Zito akcija 640x289px

Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 85. Од нив, 71 имаат потврдени позитивни тестови, четири пациенти се сомнителни на вирусот, и 10 имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.

Agria

На кислородна поддршка се 46 пациент. На инфективното оддееление има 35 пациенти, на интерното одделение има девет пациенти на физикалнато одделение 11, во Модуларната болница се лекуваат 30 пациенти.

Испишани се 12 пациенти како оздравени со по еден негативен тест за ковид 19.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: