12 годишното девојче од Велес кое истепа врсничка, следниот ден нападнала уште една малолетничка

12 годишното девојче од Велес кое пред четири дена нападна своја врсничка, следниот ден нападнала уште една малолетничка, соопшти денеска СВР Велес. Девојчето и нејзиниот родител биле повикани во полиција, а родителот ќе добие и соодветна пријава, велат од СВР Велес.

Zito akcija 640x289px

„На 20.04.2021 во СВР Велес било пријавено дека на 17.04.2021 околу 16.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Велес 12-годишна малолетничка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години. Исто така, од граѓани било пријавено дека на 18.04.2021 околу 15.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес. Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните. Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Agria

Првиот инцидент се случи на 17 април годинава пред Трговскиот центар во Нова населба, кога 11 годишно девојче од Велес е брутално нападнато од своja врсничкa, а сведоци го снимаат настанот со телефон и ја поддржуваат напаѓачката. Настанот, чија снимка се појави на социјалните мрежи.

Пред да биде нападнато, на снимката се слуша како девојчето и вели на насилничката да ја остави и дека не сака да се дружи со неа. Таа пак и се заканува дека е способна да ја спружи на земја. Тогаш нападнатото девојче по телефон почнува да бара помош од нејзината мајка. Во еден момент, додека мајката е на телефонска врска, насилничката го повлекува девојчето за коса и го турка на земја, па почнува да го удира. По неколку секунди притрчува повозрасна жена и успева да го спаси нападнатото девојче. За сето време, неколку други деца го следат настанот и наместо да го спречат, тие го потикнуваат насилството.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: