Самсоненко се обврза да ги исплати сите долгови во рок од една година, град Скопје го враќа ФК Вардар под свое

FK vardar titula
FK vardar titula

Град Скопје повторно го враќа ФК Вардар во своја сопственост. Како што дознава ЕКИПА, веќе е постигнат договор меѓу се уште актуелниот сопственик Сергеј Самсоненко и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за враќање на најтрофејниот македонски клуб на претходните сопственици – Град Скопје и Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост.

Zito akcija 640x289px

Сергеј Самсоненко во петокот (16. април), согласно документацијата до која дојде ЕКИПА, и официјално го известил градоначалникот Шилегов дека го враќа ФК Вардар на претходните сопственици од кои го доби во јануари 2014 година. Притоа во своето известување Самсоненко, наведувајќи дека се повлекува од клубот затоа што не може повеќе во иднина да ги исполнува со договорот превземените обврски за инвестирање, се обврзал да ги исполни и сите свои обврски кон играчи, тренери и доверители направени заклучно со 31. декември 2020 година.

Agria

„Изјавувам дека сум согласен да ги исполнам сите обврски кои настанале заклучно со 31. декември 2020 година за Друштво за спортски дејности Фудбалски клуб Вардар АД Скопје, за играчи, тренери и други доверители, при што се обврзувам најдоцна во рок од 1 (една) година да ги исполнам истите“ – се вели во изјавата на Самсоненко, до која дојде ЕКИПА, а доставена до Град Скопје.

Целата вест можете да ја прочитате на следниов линк

Извор: ekipa.mk

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: