Пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ најави пункт за масовна вакцинација и во Велес

Nenad Kocik Kojnik naslovna
Nenad Kocik Kojnik

Пратеникот на СДСМ од Велес, Ненад Коциќ на својот фб профил ја известува јавноста дека во договор со министерот за здравство Венко Филипче наскоро ќе биде отворен пункт за вакцинација.

Zito akcija 640x289px

Коциќ вели дека се размислува тоа да биде во спортската сала „Гемиџии“ или во некое од локалните училишта.

Agria

„Со оглед на фактот што Велес е најголемата општина во Вардарскиот плански регион и кон Велес гравитираат општините Чашка, Свети Николе, Лозово, Градско…разговарав со министерот Венко Филипче за отварање пункт за масовна вакцинација и во Велес, инспириран од реакцијата на некои наши сограѓани што не сме на мапата на градови во кои ќе се врши масовна вакцинација. И Градоначалникот Коцевски даде поддршка изразувајќи подготвеност општина Велес да се вклучи со своите капацитети. Министерот Филипче веднаш ја прифати идејата и веќе вчера беше договорено и Велес да влезе во мапата за масовна вакцинација. Не е прецизирана локацијата, но би требало да биде спортска сала или во некое училиште, или во СЦ “Гемиџии”, вели за Батали.нет, пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.

Освен во Велес,пунктови за вакцинација ќе има и во градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово. Овие градови ќе ги покриваат и реоните околу нив.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: