Седум жени и осум мажи на возраст од 27 до 50 години доброволно се затворија во пештера, без часовници, телефони и природна светлина, во експериментот на француско-швајцерскиот истражувач Кристијан Клот, пренесува „Данас“.
Тие мораа да се навикнат на температура од 12 степени и влажност од 95 отсто, во пештерата Ломбрив во Ариеж, Франција, да произведуваат сопствена електрична енергија и да црпат вода од длабочина од 45 метри.
Според истражувачот, кој е и основач на Институтот за човечка адаптација, ова искуство, наречено „Длабоко време“ има за цел да ја испита способноста на луѓето за прилагодување на загубата на просторни и временски одредници.
Некои научници пак, овој потфат го прифатија со скепцитизам, истакнувајќи дека тој не е спроведен доволно ригорозно.
Петнаесетте учесници од пештерата денеска излегоа насмеани и малку бледи, со специјални наочари за да ги заштитат очите по толку долго време поминато во мрак.
Групата од 15 доброволци немаше никаков контакт со надворешниот свет, ниту пак некакви вести во врска со пандемијата или своите пријатели и членови на семејствата.
Научниците од институтот кој го води проектот вреден 1.2 милиони евра велат дека експериментот ќе им помогне подобро да разберат како луѓето се прилагодуваат на драстичните промени во животнтие услови и средината.
Можеби ќе ве интересира: