На 10 март, беше објавено дека сопственикот на Олимпијакос и Нотингем форест,Евангелос Маринакис е заразен со коронавирус, само четири дена откако присуствуваше на натпревар во Нотингем.
“После две недели, повторно го направив тестот и беше негативен. Морам да им се заблагодарам на лекарите во Грција кои се грижеа за мене. Тие се херои. Благодарам и на моите пријатели за нивната несебична поддршка и илјадници пораки за брзо опоравување”, се вели во неговата изјава.
“Би сакал да ја искористам оваа прилика да ви кажам дека треба да останете дома, да се заштитите себе си и вашето семејство. На овој начин, ние ќе го спречиме вирусот да ги загрози нашите животи, да ја заштитиме заедницата. Не бидете безгрижни и себични. Бидете дисциплинирани, следете ги препораките”.
Откако беше објавено дека тој е заразен со новиот вирус, дуелот на Манчестер Сити и Арсенал беше откажан и беше прекината цела Премиер лига.