Венко Филипче: Владиката како верски авторитет треба да биде пример во заштита на здравјето на граѓаните

Venko-Filipce
Venko-Filipce

По изјавата на владиката Петар дека заразата не се шири преку причестувањето, а луѓето што не се во црквата не треба да се мешаат во црковните работи, Министерот за здравство Венко Филипче вели дека неразбирливи се ставовите на владиката Петар, а уште помалку реториката со која ги отфрла препораките за заштита од коронавирусот за време на велигденските празници

Zito akcija 640x289px

Филипче порача дека владиката како верски авторитет треба да биде пример во заштита на здравјето на граѓаните.

Agria

„Вие први не треба да дозволите да ни се повторат грешките од минатото. Зачудува вашата негрижа за можните последици и ризиците кои ги носат одредени верски обичаи. Додека останатите верски институции во соседството и пошироко ги преземаат сите мерки прилагодувајќи ги обичаите, вие го правите спротивното. Моите лични напори да обезбедиме дијалог и заеднички став за тоа како да го заштитиме населението за време на празниците очигледно за вас ништо не значат. Сакам да ве потсетам дека во соработка со верските заедници, предложивме протоколи и мерки кои овозможуваат верниците да го прослават празникот намалувајќи ги ризиците од ширење на вирусот“, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Министерот Венко Филипче вели дека крајно разочарувачки е игнорантскиот однос кон владините обиди за соработка со верските заедници.

Тој додава дека битката со ковид-19 е заедничка и секоја алка во тој синџир на одговорност мора да функционира.

Филипче со аплел до сите граѓани да бидат максимално одговорни за време на празниците и да ги почитуваат мерките за заштита.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: