78 годишна пациентка од Велес е нова жртва на ковид-19. Таа се лекувала на Интерното одделение на велешката болница два дена, потоа како позитивна е префрлена во Модуларната болница и лекувана шест дена.
Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 72. Од нив, 60 имаат потврдени позитивни тестови, три пациенти се сомнителен на вирусот, и девет имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 24 пациенти. На инфективното оддееление има 36 пациенти, на интерното одделение има шест пациенти на физикалнато одделение пет, а во Модуларната болница се лекуваат 25 пациенти.
Во текот на вчерашниот ден и еден транспорт за Скопје во Приватна Болница Систина-Скопје.
Во последните 24 часа испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: