Поради намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, ковид центарот на Одделението за Физикална терапија од денес е ставен во времено мирување.
Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 72. Од нив, 56 имаат потврдени позитивни тестови, шест пациенти се сомнителен на вирусот, и 10 имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 26 пациенти. На инфективното оддееление има 40 пациенти, на интерното одделение има седум пациенти , а во Модуларната болница се лекуваат 25 пациенти.
Можеби ќе ве интересира: