Пациент од Велес на 78 годишна возраст во ковид статистиката на Министерството за здравство е регистриран како починат од ковид-19. Бројот на новозаразени 10 а оздравени се 43 пациенти. Бројот на активни случаи во Велес е 413.
Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 110, Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти, Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (52г,59г,63г,66г,71г,77г,80г и 83г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по 1 починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874.
Можеби ќе ве интересира: