Реклама

По близу една година, Велес денеска без новозаразени

Veles Maj 2021

Се намалува активниот број на заболени од ковид-19 во Велес. Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес не е регистрирани ниту еден нов случај на ковид-19, а оздравени се девет пациенти. Бројот на активни случаи во Велес е 362 пациенти.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 15, Куманово – 4, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница – по 1.

Agria

Регистрирани се 408 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (61г,65г,71г,74г,76г и 80г), 2 лица од Тетово (69г и 82г) и по 1 починато лице од Битола (85г), Охрид (79г), Куманово (55г), Кавадарци (83г), Гостивар (77г), Кичево (72г), Радовиш (62г) и Делчево (72г). Од пријавените, 2 се починати во домашни услови, а останатите 14 лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.051, бројката на оздравени пациенти е 138.370, на починати е 5.109, а бројот на активни случаи изнесува 10.572.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20628/mladite-odbojkari-na-borecz-se-viczeshampioni-vo-svojata-konkurenczija/