Утре во земјава пристигнува голема количина на вакцини од кинескиот производител „Синофарм“

politikata zad vakcinata protiv kovid19
politikata zad vakcinata protiv kovid19

На денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче информираше кои вакцини наскоро ќе пристигнат во земјава. До овој момент околу 150.000 граѓани се веќе вакцинирани, а од нив преку 30.000 и со втората доза.

Zito akcija 640x289px

Од оние вакцини на компанијата „Астра Зенека“ кои треба да пристигнат денеска, 24 илјади ќе бидат наменети за ревакцинација, а со останатите ќе се вакцинираат оние граѓани над 70 години кои дополнително се пријавиле за вакцинација.

Agria

„Продолжуваме да ставаме акцент на постарите граѓани дополнително пријавени после пресекот од 30 април кога беа пријавени вкупно околу 140 илјади граѓани. Сега се вкупно околу 160 илјади граѓани. Околу девет илјади од овие дополнително пријавените, се граѓани над 70 години и со нивниот опфат околу 42 проценти од вкупно население над 70 години ќе бидат вакциирани“, изјави Филипче.

Министерот додаде дека во текот на утрешниот ден 100.000 вакцини на кинеската компанија „Синофарм“ ќе пристигнат во земјава, а потоа тие веднаш ќе бидат распределени по веќе постоечките системи и канали за имунизација.

Филипче смета дека маските на отворено и покрај интензивирањето на процесот на вакцинација, треба и понатаму да се носат.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: