(ВИДЕО) Објавена официјалната химна за ЕП во фудбал

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска ја претстави официјалната химна на претстојното Европско првенство УЕФА ЕВРО 2020 под името „We Are The People“.

Zito akcija 640x289px

На песната, зад која стои легендарниот холандски Ди-Џеј Мартин Гарикс, гостуваат и Боно (Bono) и Ди Еџ (The Edge).

Agria

– Реклама –

– Реклама –

„Компонирањето музика за еден од најголемите спортски настани во светот заедно со Боно и Ди Еџ, беше неверојатно искуство“, изјави Гарикс за официјалниот сајт на УЕФА.

Химната ја слави основната тема на ЕВРО 2020 – заедништвото, особено во светло на сите предизвици со кои светот се соочува во денешницата, со акцент на уникатноста на завршниот турнир, што за прв пат во историјата ќе се одржи ширум Европа.

ЕВРО 2020 ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 11 европски градови, а македонската фудбалска репрезентација своите натпревари во групната фаза ќе ги игра во Букурешт, против Австрија и Украина, и во Амстердам, против Холандија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: