Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес е регистриран три случаи на ковид-19, а оздравени се 76. Бројот на активни случаи во градов е 101.
Во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 30, Куманово – 13, Кичево – 8, Битола – 7, Радовиш – 6, Охрид – 5, Прилеп, Кочани и Македонска Каменица – по 4, Тетово, Велес, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип и Кратово – по 3, Штип и Неготино – по 2, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Валандово – 1.
Регистрирани се 2.179 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 13 починати лица: 3 од Скопје (66г,75г и 90г), по две лица од Битола (85г и 89г) и Струга (76г и 85г), по едно лице од Куманово (88г), Тетово (85г), Охрид (66г), Гостивар (69г), Кавадарци (71г) и Кочани (55г). Од пријавените, 6 се починати во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.636, бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати е 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833.
Можеби ќе ве интересира: