(ВИДЕО) Велешани на протест против дигиталните учебници

Неколку десетици граѓани денеска се собраа пред зградата на Општина Велес и протестираа против најавените образовни реформи, со кои се предвидува воведување дигитални учебници. Тие сметаат дека целосната дигитализација на образовниот процес не е решение, бидејќи, како што велат, Министерството за образование и наука (МОН) од една страна се заложува за еднаквост и не дискминација, а од друга страна воведува сензитивни предмети, кои подложат на нееднаквости и дискриминација.

Zito akcija 640x289px

„Да напоменеме дека овде не сме како членови на политички партии, не е важно од која националност или вера припаѓаме, тука сме за иднината на нашите деца. Реформи се потребни и вистина е дека децата се преоптоварени од непотребни информации. Но целосната дигитализација и кратењето на предмети како што се историја, работа со компјутери, англиски јазик а посебно мајчиниот јазик. Отфрлувњето на учебниците и нивна замена со дигитални уреди нема  никакви замислени  интерактивни часови, не се решение за напредок во образованието на децата, рече Маринела Костова од иницијативата „„Учебници и настава мора да има“.

Agria

– Реклама –

– Реклама –

Според неа, голем пропуст во овие реформи е тоа што МОН е глуво на нивните барања и предлози, па затоа се одлучиле да протестираат. Граѓаните сметаат дека оваа реформа негативно ќе влијае во развојот на моториката кај децата.

„Насилната реформа која ја спроведувате во образованието е осудена на пропаст. Наместо тоа вие повторно не најдовте време да се сретнете со преставниците на околу 75.000 родиели. Дигитализација и унапредување ДА во секое време, но никако без печатени учебници. Никако со одеземање на книгите од рацете на децата, рече Верица Анѓушева, родител и професор по англиски јазик.

Министерството за образование и наука целосно го легитимира правото на протест на граѓаните, затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана. Апсурдно е да се протестира против дигитализација на образованието, ако се има предвид дека тоа е глобален процес кој се случува во голем број земји во светот, а Северна Македонија мора да фати чекор со современите трендови и да се приближува кон стандардите за квалитет на образование, кои ги наметнуваат развиените општества, се вели во соопштението.

„Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот. Законското решение кое се однесува на материјалите за учење е целосно во согласност со времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат и за најголем дел од нив, примената на електронски уред за совладување на одредена наставна материја или тема, пребарување и истражување на податоци преку интернет не претставува проблем, туку вообичаена практика која со законот ќе стане достапна за сите, вклучително и за учениците од социјално ранливите семејства. Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали ќе ги донесе европските практики во нашите училишта, а придобивките од истиот, согласно планот за имплементација на реформите, етапно ќе стануваат достапни за учениците од различни одделенија во следните 5-6 години. Во меѓувреме, до усвојување на законот секој има можност за учество во негово подобрување преку конструктивни сугестии и забелешки, кои МОН како и досега со должно внимание ќе ги разгледува, земајќи го предвид најдобриот интерес на учениците“, наведено е во соопштението.

Граѓаните кои се противат на образовната реформа побараа организирање референдум, на кои сите ќе можат да се изјаснат за новиот предлог на МОН. Иако организаторите најавија дека протестот е граѓански, видливо беше присуството на партиски членови и поранешни државни и локални функционери.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: