Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес е регистриран еден случај на ковид-19, а оздравени се тројца пациент. Бројот на заразени велешани во моментов изнесува 99 години.
Во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 33, Гостивар и Струмица – по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Куманово – 2, Тетово, Велес, Кочани и Кратово – по 1.
Регистрирани се 245 оздравени пациенти од:
Скопје – 148, Битола – 17, Струмица – 15, Виница – 9, Кочани – 8, Кичево – 7, Прилеп, Тетово и Штип – по 6, Куманово – 4, Велес и Берово – по 3, Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево – по 2, Ресен, Радовиш и Крушево – по 1
Пријавени се вкупно 14 починати лица:
6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови.
Досега во Македонија се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.
Можеби ќе ве интересира: