Пожар во кругот на поранешна Топилница се случил денес околу 10:50 часот. По интервенцијата на пожарникарите, пожарот е локализиран во 11:35 часот. Опожарена е површина од околу 100 квадратни метри.
Од Општина Велес велат дека пожарот најверојатно настанал при сечење на метал со пневматски ножици на стара неупотреблива постројка за филтрирање. Запалени биле остатоци од материјал на ѕидовите на филтерската постројка, од која при горењето се ослободува густ бел чад со изразена непријатна миризба.
– реклама –
– реклама –
Со цел да се утврди дали активностите кои се извршувале се спроведени согласно прописите, каков вид на материјал изгорел, каков вид на загадувачки материи се ослободиле во воздухот, Општина Велес испратило барање до Државниот инспекторат за животна средина за вршење на инспекциски надзор. Оваа инсталација која не е во функција е А-Инсталација и е во сопственост на „МЕТРУДХЕМ“ Скопје.
Можеби ќе ве интересира: