Итен надзор по вчерашната експлозија во поранешна Топилница

Topilnica Pozar

Државниот инспекторат за животна средина итно направи увид во кругот на поранешна Топилница во Велес откако по силна експлозија на 19-ти мај избувна пожар. Топилницата е индустриско еколошко жариште, а објектите се во сопственост на Метрудхем.

Zito akcija 640x289px

Увид на терен направија и инспектори од СВР Велес и констатирано е дека пожарот избувнал во текот на сечење метал од постројка за филтрирање, но не може да се утврди дали причината е контакт на искра со стара електрична инсталација, или со талог од експлозивна хемикалија.

Agria

За да се спречи можна хаварија, Државен инспектор за животна средина вчера изрече усна забрана за работа на ЗД Отпад Охрид, компанија која е ангажирана од Метрудхем да го отстрани отпадниот метал од локацијата.

Во најитен рок Метрудхем мора да достави документација за отстранување хемикалии и опасен отпад и нивно евентуално чување на локацијата. Истовремено, се врши надзор и врз ЗД Отпад Охрид, за да се утврди колкави количини отпаден метал се веќе отстранети и дали отпадниот метал е потенцијално контаминиран со опасни материи. По анализата на документацијата и прибирањето докази, ќе бидат превземени соодветни мерки.

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20913/arheoloshkiot-lokalitet-bila-zora-e-ostaven-na-zabot-na-vremeto/