Три нови случаи и еден починат од ковид-19 во Велес

Veles kombe kovid maj 2021
Veles kombe kovid maj 2021

Во ковид статистиката на Министерсвото за здравство , денес во Велес се регистрирани нови три позитивни случаи на коронавирус. Регистриран е еден оздравен велешанец, а пациент на 73 годишна возраст е починат. Активниот број на случаи во градот е 74.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 3.143 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 20, Кичево – 4, Велес – 3, Тетово и Виница – по 2, Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица – по 1.

Agria

Регистрирани се 69 оздравени пациенти, Пријавени се вкупно 15 починати лица: 3 лица од Битола (70г, 71г и 79г), по 2 лица од Скопје (64г и 75г), Куманово (61г и 78г), Тетово (58г и 60г) и Прилеп (63г и 69г) и по едно лице од Струга (83г), Гостивар (66г), Велес (73г) и Штип (60г).

Од пријавените, 3 лица се починати  во домашни, а останатите 12 во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: