Од денес затворена е модуларната болница поради намалениот број на хоспитализирани пациенти, понатаму сите пациенти на кои им е потрeбно болничко лекување а се ковид позитивни ќе се хоспитализираат во Ковид центарот на Инфективно одделение.
Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 14. Од нив, тројца имаат потврдени позитивни тестови, двајца се сомнители на вирусот, девет имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се шест пациенти. На инфективното оддееление има шест пациенти, на интерното одделение има осум пациенти.
Во последните 24 часа се испишани двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: