Четири приказни од Шведска кои даваат надеж во борбата против заразата

Sweden3

Во ова време на голема криза предизвикана од пандемијата на коронавирус лесно е да се чувствувате беспомошно, но во вакви ситуации помага да се види напредокот што е постигнат. Local.se, шведска веб-страница насочена кон странците во таа земја, дава четири примери на шведска практична помош во борбата против вирусот.

Zito akcija 640x289px

Фабриката за производство на вотка АБСОЛУТ ќе работи на средства за дезинфекција

Agria

Здравствениот сектор во Шведска предупреди на потенцијален недостиг на основни материјали како што е средството за дезинфекција на рацете. Абсолут адаптирал дел од своето производство и произведува чист алкохол наместо вотка, кој може да се користи за дезинфекција и чистење.

Веќе се произведени 200.000 литри средство за дезинфекција, објавија од фабриката. Производот ќе се меша со гел од други произведувачи за да се добијат производи како што се гел за раце. Компанијата одлучи да им дозволи на шведските власти да го користат бесплатно производот наместо да го продаваат на пазарот, со намера да го користат таму каде што е најпотребно – во здравствениот сектор.

Сканија и САС испраќаат персонал во здравствениот сектор

Производителот на возила Сканија и скандинавската авиокомпанија САС привремено испратија илјадници вработени дома заради кризата со коронавирус. Некои од нив сега ќе работат на работни места што се клучни во борбата против вирусот. Работниците во одделите за производство и логистика на Сканија им помагаат на медицинската компанија „Гетингџ“ да го зголеми производство на респиратори. И стотици вработени во САС, кои имаат медицинско образование, ќе поминат низ краток курс за медицинска нега и потоа ќе помогнат во шведските болници.

Заштитни маски во 3Д-печатење

Заштитните маски се дел од опремата што е во голема побарувачка во здравствениот сектор. Истражувачите од универзитетот за технологија Лулеа ги користат своите 3Д принтери за производство на маски за вработените во здравствениот сектор. Маските ќе бидат дистрибуирани бесплатно во општините и локалните болници.

Тестирање на лек развиен за борба против ебола

Научниците ширум светот истражуваат лекови и вакцини кои би можеле да помогнат во лекувањето на коронавирусот, а истото важи и за Шведска. Некои луѓе кои биле сериозно болни од коронавирус во Шведска, добиле терапија со експериментален лек кој првично бил развиен за борба против ебола.

Шведската агенција за лекови додели специјално овластување за употреба на експерименталниот лек Ремдесивир, кој е дизајниран за борба против ебола, но не е доволно ефикасен. Сепак, научниците вклучени во тестовите велат дека овој лек има добри ефекти во тестирање против коронавирус и сродни вируси.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: