Грција може да учествува и да го помогне системот „Ковакс“ за да се испорачаат вакцини за соседните земји

Grcija Solun policiski cas
Grcija Solun policiski cas

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Брисел, веднаш по Европскиот совет за време на брифингот со грчките новинари рече дека Грција може да учествува и да го помогне системот „Ковакс“ за да се испорачаат вакцини за соседните земји. Мицотакис објасни дека едниот начин е билатерално да се помогнат соседите, а другиот преку директен придонес во вакцините што ќе ги собира Европа.

Zito akcija 640x289px

„Прво, можеме да придонесеме на билатерално ниво и во овој момент разгледуваме непосредно прво билатерално зајакнување на нашите соседи. Потоа, имаме можност да учествуваме или директно во „Ковакс“ или евентуално преку европската иницијатива, односно и ние да влеземе во 100-те милиони вакцини што Европа сака да ги собере. Ова ќе биде начинот, но многу веројатно е дека ќе излеземе со некои соопштенија за директна поддршка на нашите соседни земји, штом се осигуриме дека ја имаме оваа можност, веднаш ќе го сториме тоа“ – објасни Мицотакис.

Agria


Грчкиот премиер истакна дека Европа ги обезбедила дополнителните дози за 2022 и 2023 година, а според неговата процена, сигурно ќе биде потребна уште една доза од девет до 12 месеци по првата вакцинација.

Зборувајки за вакцините во ЕУ, Мицотакис истакна дека Европа ги обезбедила дополнителните дози за 2022 и 2023 година, а според неговата процена, сигурно ќе биде потребна уште една доза девет до 12 месеци по првата вакцинација.

Мицотакис оцени дека е „многу позитивно” тоа што некои од вакцините веќе се одобруваат и за помлада возраст, нешто, што според Мицотакис, дава можност да се отвори дискусија и да се разгледа вакцинацијата на деца над 12 години.

Паралелно, говорејќи со грчките новинари, го изрази неговото задоволство за европскиот сертификат за вакцинација, усвоен по предлог на Грција.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: