Реклама

Утрово започна процесот за третата трансплантација на срце во земјава

filipce so timot za transplantacija na srce

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека утрово во 6:33 часот започнал процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја, а на двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези.

Zito akcija 640x289px

Доцна синоќа министерот за здравство и неговите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев,д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот.

Agria

Министерот на колегите кои ќе ги вршат трансплантациите им посака многу успех.

За потсетување ова ќе буде трета трансплантица на срце во земјва.

Правата се случи во мај минатата година кај момче на 27-годишна возраст. Момчето го доби срцето од девојка која загинала во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство даде зелено светло за согласност за донирање на нејзините органи.

Втората транспантација се случи на 17-април ова година. Тогаш срцето го доби момче на дваесетина години, кое подолго време чекало донор за трансплантација, Донор е помлада девојка која загинала во сообраќајка, а нејзиното семејство дало согласност за донација на органите.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21163/sledniot-mesecz-ukinuvane-na-site-restriktivni-merki-vo-italija/