Ракометарите на Борец и Македонија Ѓорче Петров одиграа уште еден неизвесен натптревар, овојпат подобри беа домаќините од Ѓорче Петров со резултат 30:29.
Младите ракометари на Борец отворија со предност, 2:4, но домаќините бзо се вратија во игра направија пресврт и поведоа со 6:4. Сепак до крајот на првиот дел Борец се консолидираше и на паузата се отиде со предност на Македонија ЃП 15:14.
Во вториот дел домашните одржуваа водство од еден до три гола, но во финишот попуштија. Последниот гол го постигнаа во 51 минута за 30-27.
Димов и Ристевски внесоа неизвесност на две минути до крајот и Борец намали на 30-29. Двете екипи пропуштија уште по неколку прилики, едните да ја осигураат победата, другите да стигнат најмалку до реми, па мечот заврши со минимална победа за Македонија ЃП.
Во таборот на Борец се се истакна Илија Табаков со девет погодоци, додека кај домаќините најефикасен беше Боби Неделковски со осум погодоци.
Во последното коло од Првата лига плеј-аут, Борец го пречекува тимот на Партизан Гевгелија.
Можеби ќе ве интересира: