Во ковид статистиката на Министерсвото за здравство, во последните 24 часа во Велес нема регистрирано нов случај на коронавирус, а 40 велешани се регистрирани како оздравени. Активниот број на случаи во градот е 21.
Во последните 24 часа се направени 2.755 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 15, Куманово и Прилеп – по 2, Охрид, Струмица, Кичево и Кратово – по 1.
Регистрирани се 1.191 оздравени пациент, пријавени се вкупно 10 починати лица: 5 лица од Скопје (88г,80г,74г,66г,57г) и по едно лице од Куманово (88г), Битола (63г), Кавадарци (78г), Струга (76г) и Кочани (83г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.269, бројката на оздравени пациенти е 148.664, на починати е 5.408, а бројот на активни случаи изнесува 1.197.
Можеби ќе ве интересира: