20-годишно момче било нападнато од две момчиња на речиси иста возраст. Инцидентот се случил синоќа, еден час пред полноќ во Нова населба, соопшти полицијата.
„На 31.05.2021 околу 23.00 чaсот во СВР Велес, К.М.(20) од Велес пријавил дека на ул.„Андон Шурков“ во Велес бил физички нападнат од К.Р.(20) и Т.Р.(22)“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: