Реклама

Во три града во Македонија нема активни случаи на коронавирус

kovid bolnica

Во државата до завчера вкупно се вакцинирале 239.283 граѓани, а само во вторникот биле аплицирани 15.155 вакцини. Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, три града во земјава – Демир Капија, Пехчево и Дојран, немаат ниту еден активен случај на Ковид-19, а во Дебар и Валандово има само по еден.

Zito akcija 640x289px

Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Agria

Во државата вкупно се аплицирани 346.931 дози вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани.

Една доза примиле 47 отсто од населението над 70 години, а 41 процент кај лицата над 65.

–”Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура”, велат од Министерството за здравство.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 Арената СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21234/vremenska-prognoza-23/