Реклама

Пандемијата полека стивнува, расте бројот на вакцинирани против ковид-19 во Велес

vakcinalen punkt - Veles

Бројките на новозаразени стивнуваат, а бројот на вакцинирани граѓани против ковид-19 од ден на ден се зголемува. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 241 368 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 362 710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121 342 граѓани. Според Министерството за здравство, со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години и 41 отсто од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.

Zito akcija 640x289px

На пунктот за масовна вакцинација сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски” од почетокот на масовната вакцинација против Ковид-19 од 25 мај  до вчера се вакцинираи 3098 лица од Велес и Општина Велес, како и општините Градско, Чашка и Лозово. Од нив 1005 лица примиле прва доза на „Астра Зенека” и 2093 прва доза од кинеската „Синофарм”. На сите им бил закажан и термин за ревакцинација.

Agria

Од вчера започна и вакцинацијата на сите хронично болни пациенти и со ризик од ковид-19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021. Заклучно со утре треба да се вакцинираат лицата во ризик во кои се опфатени повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои беа одредени како ризични од страна на Универзитетските клиники и граѓанските здруженија, како кардиоваскулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21261/kakvo-vreme-ne-ochekuva-denes-i-za-vreme-na-vikendot/