
Нов началник на СВР Велес е 54-годишниот Славчо Бојковски. Тој е дипломиран криминалист, а на оваа позиција е назначен со решение на министерот за внатрешни работи од 19.05.2021 година.
Бојковски е вработен во МВР од 1991 година и досега работел на повеќе работни места. Завршил и повеќе обуки од областа на борбата против организираниот криминал и корупција.
Пред да биде назначен за Началник на СВР Велес беше ангажиран како истражител во Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.
На оваа функција Бојковски го наследи Злате Јаневски, кој на чело на СВР Велес дојде во 2017 година.
Можеби ќе ве интересира: