Српскиот претседател, Александар Вучиќ, заедно со претседателите на Русија и Аргентина, Путин и Фернандез, го означи почетокот на производството на вакцината „спутник В“ во Србија.
Владимир Путин и претседателот Вучиќ се обратија преку видео, а потоа официјално беше означен почетокот на производството на вакцината.
Институтот Торлак во првиот период, од четири до шест месеци, ќе произведе четири милиони вакцини „спутник В“. Ова го изјави министерот во владата на Србија задолжен за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.
Се очекува првата вакцина од „Торлак“ да достигне точка на вакцинација за 10-ина дена.
Претходно вчера, Вучиќ истакна дека се гордее на оваа работа и дека Србија ќе им понуди руски вакцини на сите земји во регионот, Европа и во светот додавајќи дека тоа е исклучително важно за фармацевтскиот и здравствениот систем на Србија.
Освен во соседна Србија, производството на руска вакцина почнува и во Аргентина.
Можеби ќе ве интересира: